Ален Славица ја претстави песната создадена на три континенти: „Беше како невозможна мисија“

Ален Славица, познатиот хрватски пејач кој живее и работи во Лос Анџелес, во понеделникот го претстави својот нов сингл и спот кој се работеше на дури три континенти.

Имено, песната „Još uvijek vjerujem u ljubav“ е дует со непалскиот музичар Бишва Непали. Ален го снимил својот дел во Лос Анџелес, Бишва во Непал, песната е аранжирана и продуцирана во Србија, а спотот е режиран во Хрватска

– На овој проект работев полни пет месеци. Сакам да гледам документарни филмови па некое време гледав речиси се за искачувањата на Монт Еверест. Особено ме примами филмот „Death Zone“, кој зборува за зона над 8000 метри височина на која количината на кислород е недоволна за одржување на човековиот живот во подолг период. Во филмот беше прикажано искачување со цел да се исчисти сметот кој го оставаат луѓето од целиот свет. Во филмот имаше многу инструментална музика, која ме воодушеви. Во страшните сцени слушнав и вокал кој ги пее нивните непалски линии. Тоа момче се вика Бишва Непали и тој толку ме допре со неговото пеење што одлучив да го побарам и да му понудам соработка, раскажува Славица.

Ален откри дека Бишва е многу популарен во Непал, издал неколку албуми, професор е по музичко, а бил дури и на турнеи низ Европа. Го контактирал и веднаш добил одговор.

– Бидејќи сето тоа се одвиваше во време на коронавирусот соработката беше малку чудна но и интересна, тој гледајќи мои видеа на Јутјуб помислил дека јас сум голема ѕвезда, но јас му кажав дека бев ѕвезда во 80-тите. Се договоривме за соработка и спотот го снимивме со мобилни телефони. Имавме кадри од Лос Анџелес, Хрватска и Непал, се плашев како ќе излезе сето тоа, но на крај спотот испадна одличен. Премиерата на спотот се случи во понеделникот, изјави Славица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот