Алегри е лут на шест фудбалери на Јувентус

Фудбалите на Јувентус во првите 11 кола во Серија А доживеаја дури четири порази/ фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, Масимилијано Алегри е разочаран со однесување на дури шест фудбалери по поразот од Верона од 2:1 во последното коло во Серија А.

Јувентус по 11 кола има освоено само 15 бодови со кои се наоѓа на деветтото место на табелата со дури 16 бодови помалку од лидерите Наполи и Милан, со што битката за титулата е загубена уште сега.

Оваа недела во таборот во Јувентус е воведена мобилизација, фудбалерите од утре па се до сабота ќе бидат во карантин и Алегри за тоа време ќе се обиде да ја консолидира играта.

Според пишувањето на „Газета дело Спорт“, Алегри е лут на шест свои фудбалери Адриен Рабио, Дејан Кулушевски, Родриго Бентакур, Алваро Мората, Моисе Кин и Артур Мело.

Тренерот е разочаран од однесувањето и залагањето на овие фудбалери на теренот и очекува од нив реакција уште на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Зенит, во спротивно дел од нив ќе бидат заковани на клупата во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот