Албанскиот принц стана татко: На приновата чекаше четири години, а таа се роди на многу важен ден

Фото: Профимедиа

Единствениот наследник на последниот крал на Албанија, Зогу Први, принцот Лека и неговата сопруга Елиа станаа родители.

Принцот Лека е горд татко на својата штотуку ќерка, која парот одлучи да ја нарече Жералдина, во знак на сеќавање на бабата на Лека, кралицата Жералдина. Многумина веднаш се сетија дека малечката принцеза е родена на 22 октомври, истиот ден кога кралицата Жералдина почина во 2002 година.

– Нејзиното височество и нејзиното бебе се добро – се наведува во соопштението на кралското семејство.

Да се потсетиме, Лека и Елиа се венчаа во 2016 година, а на свеченоста присуствуваа околу 20 претставници од кралските семејства од целиот свет.

Зогу Први е прогласен за крал во 1928 година, а ја напуштил Албанија во 1939 година за време на инвазијата на италијанските фашистички трупи, една година откако се оженил за унгарската принцеза Жералдина Апоњи. На членовите на албанското кралско семејство им било забрането да се движат на албанската територија до 1990 година, пет години по смрта на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, во чие владеење наследниците на Зогу Први се сметале за предавници на режимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот