Албанија се празни, над 30% од населението живее во странство

Според извештајот на Обединетите нации Албанија ја има третата по големина дијаспора во светот, јави Топ чанел.

Според оваа листа, 30,7 отсто од албанското население живее во дијаспората.

„По падот на комунизмот во раните 1990-ти години, многу луѓе заминаа во потрага по подобри економски можности, на пример, Западна Европа, се вели во извештајот.

Денес, најголем дел од Албанците во странство се населиле во Италија, Грција, Велика Британија, САД и многу други земји.

„Обезбедувањето подобар живот постојано ги турка Албанците масовно да си заминат. Младите и членовите на семејствата велат дека ниското економско ниво и немањето перспектива за иднината ги турка да најдат решение надвор од местото каде што се родени и израснати“, пренесува Топ Чанел.

На второ место според овој извештај е Босна и Херцеговина, каде како резултат на крвавите војни, 34 отсто од населението живее во странство.

Ова се однесува и на Сирија, каде што околу 30 отсто од населението од 28 милиони сега живее во странство, како и Јужен Судан (21 отсто).

Списокот на земји со најголем процент од домородното население кое живее во дијаспората открива историја на војна и раселување, но и економска стагнација и недостиг на перспектива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот