АЛАРМАНТНО: За два месеци бројот на вработени се намалил за 4.571!

Работници на топло време / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Во последниве месеци се намалува како бројот на работодавачи, така и на вкупниот број работници во државава. Ова го обелодени директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифингот со новинарите.

Според податоците што ги презентираше, во ноември вкупниот број вработени бил 556.237, а во септември имало  551.666 вработени. Значи, за два месеци бројот на вработени се намалил за 4.571.

Намалувањето на бројот на работници делумно може да се адресира на продолжениот тренд на исеување, а делумно и на затворање на микрокомпаниите.

Во извештајот во кој Народната банка ја сумираше финансиската стабилност за 2022 година, пишува дека микросубјектите заедно оствариле вкупна загуба како во 2021, така и во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот