Ал-Келаифи му нуди на Мбапе да биде шеф на проектот на ПСЖ само за да остане во Париз

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Челниците на ПСЖ не се откажуваат од намерата да го задржат Килијан Мбапе на „Паркот на принцевите“ и за таа цел се подготвени на неверојатен потег, да му дозволат на одличниот напаѓач да има целосна контрола на фудбалскиот проект.

Договорот на францускиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната истекува на крајот од сезоната и наводно се наоѓа пред потпис со Реал Мадрид, но на шест недели пред да стане слободен играч, ПСЖ му понуди сензационален договор.

Имено, новинарите на шпанската ТВ емисија „Ел Чирингито“ тврдат дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи на Мбапе наводно му понудил да биде „шеф на проектот“.

Тоа би значело Мбапе да има можност да го избира тренерот на „светците“ но и да го има последниот збор во носењето на нови фудбалери. Мбапе би имал влијаение какво што имаше Меси во последните години во Барселона, кога управата на каталонскиот тим за секое засилување се консултираше со Аргентинецот.

Покрај големото влијание во трансфер политиката, ПСЖ на Мбапе му нуди нов договор со кој напаѓачот ќе заработува 56 милиони евра годишно, а само за потпис на договорот би требало да добие бонус од неверојатни 100 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе веќе ги договорил сите детали со Реал Мадрид и дека нема шанси да потпише нов договор со ПСЖ. Тие исто така пишуваат дека Мбапе својата одлука официјално ќе ја соопшти по одигрувањето на финалниот натпревар во Лигата на шампионите на 28 мај во кој ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот