Ал џазира јавува за „масакр“ на цивили во ред за храна во градот Газа

Животот на цивилите во Газа зависи од испораките на брашно и друга храна - Фотографија ЕПА, Хаитам Имад

Десетици Палестинци се убиени, а повеќе од 200 се ранети кога израелски тенкови пред неколку часа отвориле оган врз толпа луѓе пред место на кое се доставувало брашно во градот Газа, објави телевизијатга „Ал џазира“.

Палестинското министерство за надворешни работи го оцени нападот како „масакр“ и извести дека загинале 70 луѓе и повеќе од 250 се ранети. Овие информации не се потврдени од други извори.

Погодени биле луѓе на улицата „Ал Рашид“, каде што поминувале камиони од хуманитарен конвој со брашно.

– Чекавме брашно. Израелската армија отвори оган врз нас – му изјавил сведок на нападот на репортерот на „Ал џазира“

Репортерот Исмаил ал Гул извести дека израелските тенкови, откако отвориле оган, прегазиле тела на многумина убиени, но и ранети луѓе.

– Ова е масакр, згора на изгладнувањето на граѓаните во Газа – објави „Ал џазира“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот