Актерката стави точка на злобните гласини: На Миа Фароу од 14 деца, три ѝ починале во најтешки маки

Фото: Профимедиа

„Мал број семејства се совршени, и секој родител кој доживеал губиток на детето, знае дека таа болка не престанува“, напишала актерката.

Актерката Миа Фароу, поранешна сопруга на режисерот Вуди Ален, отворено проговори за смртта на своите три деца, среде повторната заинтересираност на јавноста за нејзиното семејство поради новиот документарец „Ален против Фароу“.

„Проклетството на Миа Фароу“

Нејзината тешка животна приказна медиумите често ја опишуваат како „проклетството на Миа Фароу“. Сè започнало уште во детството, а среќата не ја следела ниту подоцна во животот.

Познатата актерка имала четири биолошки деца со поранешниот сопруг Андреа Превин, а фактот што и самата имала тешко детство ја принудил да посвои дури 10 деца. Таа исто така пораснала во семејство со седум браќа и сестри, заедно со родители алкохоличари. Двајца браќа починале на рана возраст, а третиот бил обвинет за сексуално злоставување на момче. За жал, во текот на животот, таа морала да се соочи и со смртта на дури три од нејзините деца.

Фото: Профимедиа

Вчера, 76-годишната актерка одлучи да се огласи на Твитер, со цел да одговори на злобните гласини што почнаа да се шират за смртта на нејзините деца.

– Како мајка на 14 деца, семејството ми значи сè – започнала Фароу и додала дека, и покрај тоа што таа е јавна личност, повеќето од нејзините деца одлучиле да живеат многу повлечено.


Предозираност, ХИВ, самоубиство

Како одговор на „опасните гласини кои почиваат на невистини“, Фароу објаснила што довело до смртта на нејзините ќерки Там и Ларк и нејзиниот син Тадеус, кои не се спомнуваат во документарецот.

Фароу објаснила дека избира што ќе објави на социјалните мрежи, затоа што се труди да ги почитува желбите на нејзините деца да ја задржат приватноста, но поради злобните гласини засновани на невистини во врска со нејзините три починати посвоени деца, одлучила да проговори.

– Мојата сакана ќерка Там почина на 17-годишна возраст од случајно предозирање со лекови кои се издаваат на рецепт, а ги користеше поради тешките мигрени од кои страдаше и од срцеви болести – истакнала Фароу.

Ларк, која починала во 2008 година, Фароу ја опишала како извонредна жена, прекрасна ќерка, сестра, партнерка и мајка.

Фото: Профимедиа

– Почина на 35-годишна возраст од компликации предизвикани од ХИВ, а се разболе затоа што нејзиниот поранешен партнер ја зарази. И покрај својата болест, таа живееше богат живот полн со љубов со своите деца и долгогодишниот партнер. Таа ѝ подлегна на болеста и ненадејно почина во болницата на Божиќ, во прегратките на нејзиниот партнер – рекла актерката.

Фароу открила дека нејзиниот храбар син Тадеус се самоубил на 29-годишна возраст по наглото прекинување на љубовната врска.

„Ова се неискажливи трагедии. Секоја друга шпекулација за нивната смрт е срамотење на нивниот живот, на животот на нивните деца и на саканите“, напишала Фароу во својата изјава.

Фароу ја завршила објавата со констатација дека е неизмерно благодарна што е мајка на 14 деца и баба на 16 внуци.

– Иако имаме тажни искуства, нашиот живот денес е полн со љубов и радост – напиша актерката.

Видео на денот