Актерката Лори доби два месеци казна затвор за учество во измамата која ги стресе САД

Фото: Профимедиа

Актерката Лори Лофлин доби казна затвор во времетраење од два месеци за учество во скандалот што ги потресе САД, порзан со митото и корпуцијата при запишување на децата на славните и богатите на престижните Универзитети.

Лафлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џианули се обидоа да ја избегнат тужба за поткуп, но обвинителството, а потоа и судот во Калифорнија, не беа подготвени да ги отфрлат обвиненијата.

Холивудската актерка е осудена на два месеци затвор, а нејзиниот сопруг на пет месеци, а потоа и на две години надгледување, за кое време Лафлин ќе мора да одработи 100 часа општествено корисна работа и да плати казна од 150.000 американски долари.

Нејзиниот сопруг, Мосимо Џианули, пак, ќе мора да одработи 250 часа корисна работа во заедницата и да плати казна од 250.000 американски долари по издржување затворска казна од пет месеци.

Фото: Профимедиа

Брачната двојка е должна да се пријави во затворските власти на 19 ноември до 14 часот за издржување на казната.

Судот ги осуди за тоа што се согласиле да го поткупат Вилијам Рик Сингер со половина милион долари, кој обезбедил нивната ќерка да ги фалсификувала и препише точните одговори на тестот за упис факултетот.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот