Актерката Драгана Левенска ви препорачува три дестинации за ова лето, а открива и каде има најубаво топено сирење! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Тоа што оваа година можеби нема да заминете да летувате на море и песочна плажа, не треба да тагувате. Нашата земја можеби е мала, но голема е со природни убавини кои ќе ве воодушеват и ќе ве натераат да дојдете повторно.

Планина, езеро, кампување, река, рурален туризам се само дел од тоа што го пружа ова наше поднебје.

 

View this post on Instagram

 

?☕️?Балконов ептен ми се погоди ?

A post shared by Dragana Levenska (@levenska_dragana) on

Дестинации има многу, а ваше е само да изберете или да ги прочитате советите на убавата актерка Драгана Левенскa, кoјa за „Слободен Печат“ ни предолжи три нејзини омилени дестинации од нашата земја…

– Берово… Заради тоа што е воздушна бања, заради чистиот ладен воздух, прекрасните домаќини, малешевското сирење, топлиот дух на Источна Македонија …

– Галичник… Заради прекрасниот поглед, близината на дебарските езера, особено Гари… Целата природа на Маврово…

Крушево… Заради целата историја, Мечкин камен, Тоше Проески и се разбира, најубавото топено сирење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот