Автопат во Хрватска / Фото: Ploče Online

Ако викендов возите низ Хрватска, полицијата има важно известување

Хрватското министерство за внатрешни работи за претстојниов викенд најави „акција низ целата држава насочена кон зголемување на безбедноста на патиштата и спречување на сообраќајни несреќи“, што е полициски начин да се каже дека засилено ќе контролираат и казнуваат.

„Ќе се преземат зголемени активности насочени кон спречување и санкционирање на најсериозните прекршоци кои се најчести причини за сообраќајни несреќи, таканаречените „четири главни сообраќајни убијци“, велат од полицијата.

Сообраќајните полицајци ќе вршат засилен надзор, со фокус на: непочитување на ограничувањата на брзината, возење под дејство на алкохол, дроги и лекови, неносење на сигурносен појас и неправилна употреба на мобилни телефони при возење. Покрај горенаведеното, полицијата ќе санкционира и други прекршоци што ја загрозуваат безбедноста на патиштата, соопшти хрватското МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот