Фото: Принтскрин/Фејсбук

Ако ви останале велигденски јајца направете го превкусниот рецепт со ориз и бешамел сос

Колку и да сакаме да јадеме варени јајца за Велигден, секогаш се случува да ни останат, а потоа да не знаеме што да правиме со нив.

Ако и вам ви останале јајца од Велигден, ви предлагаме превкусен и лесен рецепт – јајца со ориз и бешамел сос.

Состојки:

– 8 јајца
– 40 г путер
– 150 г ориз
– сол
– магдонос
– 20 г рендан пармезан

За бешамел сосот:

– 50 г путер
– 30 г брашно
– 500 мл млеко
– 1 лажица мешавина од суви зачини
– бибер
– сок од лимон
– 100 мл слатка павлака

Подготовка:

Подгответе го бешамел сосот така што ќе го загреете путерот, ќе го вмешате брашното и сосема кратко ќе го пропржите. Потоа прелијте со ладно млеко, додајте ги зачините и мешајќи гответе околу пет минути, додека сосот не се згусне. Додајте малку сок од лимон, бибер и слатка павлака. Во посебен сад, кратко пропржете го оризот во загреан путер, потоа прелијте го со околу 300 мл вода, додајте малку сол и оставете го додека половина не се свари. Додајте го сечканиот магдонос и распоредете го оризот во сад за печење. Врз него наредете ги по должина исечените варени јајца, сè прелијте со подготвениот сос и посипете со ренданиот пармезан. Печете околу 15 минути во рерна загреана на 220 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот