Фото: A.Kniesel/Wikimedia

Ако сте купиле чоколади „Киндер“, не јадете ги – „Фереро“ повлекува производи поради сомневање за салмонела

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик траде“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата, „Фeреро“. Контролата, како што наведуваат од агенцијата, била спроведена врз основа на добиено известување од компанијата „Фeреро“ ДОО од Загреб, Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Македонија се повлекуваат неколку серии од производите „Киндер“.

Производите се повлекуваат откако најмалку 125 луѓе, главно деца, се отруја со салмонела во земјите од Европската унија.

Согласно известувањето, од пазарот во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 3.10.2022година, 23.8.2022 година, 2.6.2022 година, 7.7.2022 година, 15.7.2022 година, 11.6.2022 година.11.6.2022 година и 30.6.2022 година, соопшти АХВ.

Попладнево, како што информираат од агенцијата, добиле и нотификација од Системот за брзо предупредување за храна и за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.

„Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи ‘Киндер’ со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.6.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.6.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија“, е потенцирано во официјалната информација.

Агенцијата за храна ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид производ, да не го јадат и да го вратат на местото каде што го купиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот