Ако сака трансфер, мора да докаже дека не е луд

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Дени Роуз сезонава е еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, а добрите игри во лондоскиот тим му донесоа и стандардно место во првиот тим на англиската репрезентација.
Тој на медиумите им откри дека минатото лето, неименуван клуб сакал да го ангажира, но откако ќе донесе потврда дека не е луд.

Кога ми побараа потврда дека не сум луд, ми беше непријатно. Знам низ што поминав, но ме налути тоа што некој мисли дека со тоа ќе влијае на моите игри. На крајот, клубот дури не достави официјална понуда за трансфер – изјави Роуз.

Роуз не сакаше да открие за кој клуб станува збор, но во минатото имаше проблеми со навреди на расна основа. Првиот се случи 2012 година во Крушевац кога Роуз беше дел од младата репрезентација на Англија, а вториот се случи во март годинава, кога Англија и гостуваше на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот