Филип Талевски/Tatabánya Kézilabda Club

Ако Охрид утре се пласира во финале, ќе игра против тимот на Филип Талевски

Унгарскиот состав Татабања обезбеди место во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако во драматичен двомеч беше поуспешен од Извиѓач.

Иако босанскиот тим имаше предност од два гола по првиот натпревар (33-31), реваншот донесе поинаква приказна. Пред своја публика, Татабања славеше со 37-34 и со вкупен резултат успеа да го сврти полуфиналето во своја корист.

Во редовите на победничкиот тим настапи и македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој постигна еден гол. Натпреварот не започна најдобро за домаќините, кои во првото полувреме имаа негатива од 15-11, но со силен финиш успеаја да направат пресврт и на пауза да заминат со минимална предност од 20-19.

Во второто полувреме Татабања на стартот дојде до плус три (22-19), но Извиѓач не се откажа и по 40 минути игра повторно го израмни резултатот на 26-26. Сепак, во самиот финиш, гостите останаа без енергија и концентрација, што домаќините го искористија за да го обезбедат посакуваното финале.

Охрид утре на свој терен ќе се обиде да ја надополни негатива од еден гол против Целје откако на гости загуби со 27-26, натпреварот е закажан за во терминот од 19:00 часот.

Ројевиќ: Утре заедно со публиката да испишеме историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот