Ројевиќ: Утре заедно со публиката да испишеме историја
Македонскиот суперлигаш Охрид утре ќе го одигра реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп во кое има за цел пласман во финалето.
Препорачано
Ривал на охриѓани е словенечкиот состав Целје кој на првиот дуел на домашен терен славеше со минимална предност. Негативата од еден погодок е достижна, па во Охрид деновиве владее вистинска мобилизација во пресрет на мечот што може да значи голем успех за клубот.
Тренерот Борис Ројевиќ е свесен за тежината на предизвикот, но верува дека домашниот терен и поддршката од трибините ќе бидат значаен фактор.
„Можам да кажам дека не очекува тежок натпревар, против најталентираната екипа во Европа. Имаат четири-пет играчи со понуди од екипи што играат во Лигата на шампионите. Десното крило оди во Нант, средниот бек во Динамо, Анжиќ го бараат пет-шест екипи.
Сепак, сите наши момци едвај чекаат да истрчаат на терен и да ја почувствуваат енергијата од трибините. Охридската публика ќе покаже дека може подобро од тоа што нивните навивачи го правеа во Целје и тоа може да биде клучно за развојот на овој натпревар. Резултатски на првиот меч го спуштивме Целје на 27 гола што е речиси невозможно бидејќи цела сезона се над 30-35 гола. Ако го повториме тоа, сигурно ќе постигнеме повеќе голови и ќе се пласираме во финалето.
Кај нас не се сите играчи здрави, имаме проблеми. Не кажувам за кого се работи, но сите ќе стиснат заби. Заедно со публиката пишуваме историја и се надевам дека атмосферата ќе биде на нивото, а ние ќе се оддолжиме на теренот“, изјави Ројевиќ.
Натпреварот е закажан за утре со почеток од 19 часот, додека денеска ќе се дознае и првиот финалист, по реванш пресметката меѓу Татабања и Извиѓач, која стартува во 17 часот.


