Ако некој заслужи нов договор, тоа е тренерот на Штутгарт Себастијан Хенес
После Чаби Алонсо и неверојатниот Баер Леверкузен, Штутгарт кој го води Себастијан Хенес е големо изненадување сезонава во Бундес лигата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лани едвај обезбедија опстанок во елитата, а оваа сезона фудбалерите на Штутгарт изненадија многумина со своите игри и резултати.
Моментно се на третата позиција во германскиот шампионат и имаат шанса после 15 години повторно бидат дел од групната фаза во Лигата на шампионите.
За ваквиот огромен чекор на клубот најголеми заслуги има 41-годишниот тренер Себастијан Хенес.
Хенес официјално потпиша нов договор со Штутгарт кој ќе трае до 2027 година.
– Не ни помислив да се збогувам со Штутгарт на крајот од сезоната. Овде сум на вистинскиот пат и можеме да направиме некои големи работи. Многу сум задоволен што го продолжив договорот – вели Хенес.
???????? ???? ⚪️?
Sebastian #Hoeneß signs VfB extension ?
The head coach has extended his VfB contract, which was due to expire in 2025, until 30 June 2️⃣0️⃣2️⃣7️⃣.#VfB | #Hoeneß2027 pic.twitter.com/RqvILDRrpF
— VfB Stuttgart_int (@VfB_int) March 8, 2024


