Ако го преживеете овој период, ќе доживеете заедничка старост: Оваа година од бракот е критична!
Брачниот живот, како и секој друг вид однос, со себе носи и подеми и падови. Откако ќе заврши тој магичен период на медениот месец, кога сè е ново, возбудливо и често идеализирано, бракот влегува во фаза на секојдневен живот, која носи предизвици.
Препорачано
Иако многу емотивни парови очекуваат дека животот ќе им биде како од бајките, научните истражувања покажуваат дека одредени години во бракот се клучни за емоционалната рамнотежа и долговечноста на врската.
Третата година е најубава
Според некои теории, љубовта и страста кои се присутни во бракот траат првите неколку години, потоа опаѓаат, па преминуваат во помирен период од животот како пар.
Сепак, многу експерти тврдат дека третата година од бракот е најубава, бидејќи тогаш партнерите веќе во голема мера се прифаќаат еден со друг, учат како да живеат заедно и како да ги балансираат меѓусебните разлики. Според тоа, третата година е клучна за стабилизирање на врската и пронаоѓање заеднички простор и мир.
Во текот на третата година, многу парови носат важни одлуки, а едно од најчестите прашања што го поставуваат е дали е време да го прошират семејството.
Во оваа фаза, многу парови одлучуваат да го добијат своето прво дете, што само ја зајакнува нивната врска. Одлуката да станат родители може да донесе дополнителна хармонија во односот, но и одговорност која влијае на нивниот брак.
Во петтата година започнуваат првите „вистински“ проблеми
Петтата година од бракот е често критична. Овој период го означува моментот кога многу парови се соочуваат со сериозни предизвици.
Децата кои сè уште се мали, со големи потреби и барања, често стануваат дополнителен стрес во животот на паровите. Освен тоа, балансирањето и усогласувањето на семејните обврски со работните и другите аспекти од животот станува сè потешко.
Во петтата година многу парови почнуваат да се чувствуваат изморени од секојдневните обврски, а трпението кон партнерот им се намалува. Истражувањата покажаа дека петтата година од бракот е периодот кога многу парови почнуваат сериозно да размислуваат за развод.
Ова е и време кога многумина се консултираат со адвокати или влегуваат во фаза на сериозни несогласувања. Иако не сите бракови се подложни на криза во оваа фаза, статистиката покажува дека петтата година може да биде предизвик.
Седмата година е клучна
Ако парот остане заедно по пет години брак, тогаш ги чека уште една бариера. Тоа е седмата година од заедничкиот живот, којашто експертите ја нарекуваат „ѕид“.
Дотогаш заедничкиот живот станува рутина. Можни се и финансиски проблеми, грижа за децата и расправии околу поделбата на домашните обврски. Ова е многу комплициран период. Ако сопружниците успеат да го поминат тоа заедно, тогаш пред нив ќе биде силен и среќен брак.


