АКЦИЈА НА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Нека бидат и вашите деца медиумски ѕвезди маскирани за Денот на шегата!

Ајде заедно да им го развеселиме 1 април на дечињата!

И покрај тоа што сме затворени во своите домови, децата заслужуваат весел Ден на шегата. Затоа, „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ве повикува на заедничка акција.

Ослободете ја целата имагинација и помогнете им на вашите дечиња да направат креативни маски. Потоа, испратете ни фотографии од успешната маскембалска креација на:

Повикот за маскенбалска забава трае од денес (31 март) до недела (5 април). Значи испраќајте ни фотографии заклучно со 5 април!

Нека бидат и вашите деца медиусмки ѕвезди! Ние ќе ги објавиме на нашиот портал сите успешни маски, а најуспешните ќе бидат дополнително објавени и на страниците на „Женски печат“ во весникот Слободен печат, во вторник (7 април).

Напомена: Родител да ги испрати фотографиите, со име и презиме и возраст на детето.

За оние пак, кои се од Битола, еве дополнителна акција иницирана од Драгана Спасевска – информирајте се на следниов ЛИНК. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот