Академија ФМП го кутна фаворитот МЗТ Скопје, Куманово го декласира Работнички

фото: Академија ФМП

Кошаркарите на Академија ФМП приредија вистинско изненадување во 17. коло од Првата лига победувајќи го големиот фаворит МЗТ Скопје со 85:73 и тоа благодарение на големиот пресврт во второто полувреме.
Металците имаа двоцифрена предност на полувреме (33:46), но во вториот дел сосема поинаква слика на теренот, домашните кошаркари одиграа одлично во орбраната, успеаја да го оневозможат противникот дури осум минути да не упати ниту еден шут за тројка и успеаја во финишот од третата четвртина да дојдат на минус четири 58:62.
Во последната четвртина, домашните кошаркари со тројките на Двојаковски и Харис дојдоа до предност од 79:71 која не ја испуштија до крајот на наптреварот.
Теодор Атанасов со 21 поен и Оливер Двојаковски со 16 поени беа најзаслужни за триумфот на Академија ФМП, додека Феми Олуџоби и Дамјан Стојановски постигнаа по 14 поени за МЗТ Скопје.

Работнички доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Куманово губејќи со убедливи 95:70. Клучни за поразот беа втората и третата четвртина кои Куманово ги доби дури 26 поени (54:28). Ливингстон со 20 поени беше најпрецизен кај Куманово, а одлична партија прикажа и Џекиќ со 18 поени. Во редовите на Работнички, Питс даде 17 поени, а Николовски уфрли 15 поени.

Екипата на ТФТ без проблеми дојде до убедлив триумф од 94:71 над Вардар, а Еуроникоел беше уште поубедлив против Црн Дрим и славеше со 111:74. Единствениот триуфм на гости го оствари Пелистер кој со 80:100 го совлада Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот