Академија ФМП без мака против Ангели за трето место на табелата

фото: КФСМ

Кошаркарите на Навико Академија ФМП со 83:56 го совладаа тимот на Ангели во кошаркарската Суперлига и се искачија на третото место на табелата.

Академија ФМП победата ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 21:11 и до крајот на наптреварот само ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со високи 27 поени разлика (83:56). Најефикасен кај Академија ФМП беше Крстајиќ со 19 постигнати поени додека во тимот на Ангели се истакна Атанасов со 12 поени.

Во дербито на 19 коло, ТФТ славеше со 77:68 над Феникс 2010 и влезе во горниот дел од табелата кој носи во разигрувањето за титулата.

Александар Костоски со 21 поен и 6 асистенции беше најдобар кај ТФТ каде се истакна и Смит со дабл-дабл од 15 поени и 16 скока додека кај Феникс 2010, најдобри беа Морган и Трајковски кои дадоа по 21 поен.

Поразот на Феникс 2020, му направи услуга на Еуро Никел да се искачи на шестото место на табелата. Кавадарчани како гости славеа со 67:75 против Куманово и го прескокнаа тимот на Феникс на табелата. Кошаркарите на Еуро Никел одиграа неверојатна трета четвртина која ја добија со 22:9 и ја анулираа негативата од првото полувреме и со рутинска игра дојдоа до победата.

Ѓекиќ со 16 поени беше најпрецизен кај Еуро Никел, додека кај Куманово се истакна Марјановиќ со 23 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот