Фото: Фејсбук / скриншот

АХВ за градоначалникот на Крива Паланка: Ако сакаше, досега ќе го решеше проблемот со кравите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.

„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада“ велат од АХВ.

Оттаму посочуваат дека кравите „ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот“.

„Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај“, додаваат од Агенцијата.

Во наредниот период од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дека ќе продолжат со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Крива Паланка.

ВИДЕО: Пак е уапсена краварката од Кривопаланечко – ги бркаше кравите во шума за да не ги залови државата – Слободен печат

Вчера граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест поради револт од кравите кои со месеци им прават само штети, неконтролирано движејќи се насекаде кај што ќе стигнат. На протестот беше и градоначалникот Митовски, кој рече дека случувањата се „класичен пример, со кој се отсликува немоќта на институциите да постапуваат“. Тој алармира дека жителите се гневни и може да дојде, до како што вели, ескалација на настаните.

Пред два дена повторно имаше инцидент со сопствениците на кравите, кога екипи на АХВ се обидуваа да ги одземат животните. Ќерката на сопственикот на кравите, повторно беше уапсена поради попречување на работата на надлежните институции.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот