Сопственици на кравите во Крива Паланка /Фото: ТВ Алфа / Фејсбук / принтскрин

ВИДЕО: Пак е уапсена краварката од Кривопаланечко – ги бркаше кравите во шума за да не ги залови државата

Полицијата вчера повторно ја уапсила ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат, откако таа и пред камерите ги попречуваше вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство да ги заловат и да ги запленат спорните крави.

„На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави“, информираа од МВР.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Вчера во Жидилово атмосферата повторно беше драматичната, а имаше и туркање со луѓето од АХВ, по што тие пријавиле дека биле физички попречувани во извршувањето на задачата.

Сопственикот на кравите тврди дека нема проблем со институциите, но бара животните да бидат соодветно згрижени и чувани, бидејќи неговото семејство ги чувало веќе 30 години. Станува збор за нешто помалку од 500 крави, кои семејството ги пушта слободно да се движат и да се хранат по околните ридови и шуми.

Овај проблем трае со години, но ескалираше ви последниве месеци. Во декември, имаше насилни сцени, а заедно со сестрите, беше уапсен и нивниот татко. Тогаш беше објавено дека ќерките со нокти ги гребеле полицајците по лицето. Поради ваквото однесување и поради долготрајното малтретирање на соселаните, Обвинителството тогаш бараше притвор, кој судот го определи.

Граѓаните на Крива Паланка денеска одржаа мирен протест поради, како што велат, 15-годишното малтретирање од кравите и од ова семејство. Тие велат дека животните се пуштени неконтролирано да се движат насекаде и деа им прават огромна штета на нивните имоти и земјоделски површини. На протестот беше присутен и градоначалникот на општината, Сашко Митовски.

„Повеќе од 15 години се соочуваме со ист проблем – неконтролирано движење на крупен добиток низ нашите села, кој ни ги уништува посевите, ни ги гази нивите, ни влегува во дворовите и помошните објекти и директно го загрозува нашиот имот, безбедноста на нашите семејства и егзистенцијата на луѓето кои живеат исклучиво од земјоделство. Пролетта е пред нас и повторно стравуваме дека трудот ќе ни биде уништен. Бараме итно и трајно решение, со кое ќе се заштитат и нашите имоти и добитокот, но пред сè ќе се воспостави ред и одговорност“, истакнаа граѓаните.

ВИДЕО: Ќерките и таткото-кравари кои се однесуваа каубојски во Кривопаланечко, одат во притвор – Слободен печат

Тие бараат итна и координирана реакција од сите надлежни институции, целосно спроведување на законските мерки, утврдување на одговорност и воспоставување трајно решение со кое ќе се спречи повторување на ваквата состојба.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот