Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Ќерките и таткото-кравари кои се однесуваа каубојски во Кривопаланечко, одат во притвор

Судија го прифати барањето на Обвинителството и им одреди притвор од осум дена на таткото и двете ќерки – сопствениците на големо стадо крави во Кривопаланечко, кои завчера спречуваа вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство и полицајци да им одведат дел од кравите.

Инцидентот се случи по долготрајните тензии меѓу семејството и жителите на неколку кривопаланечки села, кои обвинуваат дека таткото и ќерките ги пуштаат кравите слободно да талкаат низ околината, а тие влегуваат во нивните ниви и посеви и прават штета.

Г.Ѓ. (57) и неговите ќерки А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22) беа уапсени завчера, при што даваа отпор, а снимка од инцидентот беше објавена на социјалните мрежи.

Јавниот обвинител побара притвор за сите тројца поради опасност да избегаат или да го повторат делото.

Обвинителството наведува дека семејството континуирано ги малтретирало соселаните и луѓето од околните села, и покрај бројните интервенции на надлежни институции. Во последниот инцидент, според ОЈО, тие спречувале службени лица да постапат по решение за одземање на кравите – инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и униформирани полицајци.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот