Агуеро оди на Мундијалот во Катар, ќе му биде помошник на селекторот Скалони

Серхио Агуеро/ фото: EPA-EFE/JORGE ZAPATA

Серхио Агуеро преговара со фудбалската федерација на Аргентина да стане дел од стручниот штаб на „гаучосите“ за Светското првенство во Катар кое ќе се игра во ноември и декември годинава.

Агуеро поради срцеви проблеми мораше предвреме да ја заврши кариерата, но сака да остане активно вклучен во фудбалските возбудувања и тоа како тренер.

– Зборував со селекторот Скалони и наредната недела треба да имаме средба. Се обидуваме да најдеме решение и да видиме што можеме да направиме. Првичната идеја е да се приклучам на стручниот штаб на репрезентацијата бидејќи имам голема желба да бидам со мојата Аргентина на Мундијалот во Катар – изјави Агуеро.

Серхио Агуеро во кариерата има настапувано за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона, а со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Копа Америка, на Олимписките игри и на младинското СП, а сега кога „гаучосите“ повторно се едни од главните фаворити за титулата, сака да биде покрај поранешните колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот