Агентот Пимента: Погба нема да игра за Франција на Светското првенство

Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба нема да биде дел од Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Француската фудбалска ѕвезда Пол Погба ќе го пропушти Светското првенство во Катар поради проблем со коленото, пренесува француската новинска агенција АФП.

Неговиот агент Рафаела Пимента во соопштение за медиумите рече дека на 29-годишниот играч од средниот ред му треба повеќе време да се опорави од операцијата на коленото.

– По лекарските прегледи вчера и денеска во Торино и Питсбург, морам да соопштам дека на Погба му треба повеќе време да се опорави. Поради ова, тој некое време нема да се приклучи на тренинзите на Јувентус и нема да игра за Франција на Светското првенство – се вели во соопштението.

Погба стана светски шампион со француската репрезентација пред нешто повеќе од четири години во Русија. Во финалето кое Франција го доби против Хрватска со 4:2, постигна и гол за 3-1.

Светското првенство ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година.

Ова го потврди добро познатиот италијански новинар за трансфер, Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Погба и натаму нема официјален натпревар заа Јувентус од потпишувањето на договорот со клубот минатиот јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот