Агентот Гарди: Елиф Елмас има понуди од Германија

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Елиф Елмас ја започна и петтата сезона како фудбалер на Наполи со кој има важечки договор до 30 јуни 2025 година.

Италијанските медиуми објавуваат нови информации за нашиот фудбалски „дијамант“, според „Ил Матино“ Елмас има понуди од неколку германски клубови чии имиња не се познати.

Агентот на Елмас, Џорџ Гарди примил интересни понуди од Германија за нашиот играч и сака да има состанок со клубот од Неапол со цел да се знае каква ќе биде улогата на Македонецот во проектот на Руди Гарсија, тренерот на „наполитанците“.

Моментно еден од најдобрите македонски репрезентативци според „Трансфермаркт“ вреди 25 милиони евра.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис јасно кажа дека нема намера да продаде никого, сака да има конкурентен тим што ќе се бори за трофеи во Италија и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот