Агентот Барнет: Бејл нема да го напушти Реал Мадрид!

twitter.com/goal

За фудбалската иднината на Бејл се шпекулира подолго време, но и покрај сите гласини за негово заминување, тој и натаму е дел од „кралскиот“ клуб.

Герет Бејл не е заинтересиран за американската МЛС и многу малку е веројатно дека тој ќе го напушти Реал Мадрид.

Неговиот агент Џонатан Барнет негира заминување на велшкиот интернационалец во САД и до крајот на сезоната нема да си оди од „Сантјаго Бернабеу“.

– Герет не е заинтересиран за трансфер на американскиот континент. Тој нема да го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок и многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту во текот на летото – рече Барнет.

За фудбалската иднината на Бејл се шпекулира подолго време, но и покрај сите гласини за негово заминување, тој и натаму е дел од Реал.

Велшанецот оваа сезона досега во најсилната шпанска фудбалска „Ла Лига“ во дресот на „кралскиот“ клуб има 12 одиграни натпревари и постигнати два голови во ремито со Ваљадолид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот