Аеродром: Родителите ќе бидат ослободени од трошоците за набавка на хигиенскиот пакет за децата од градинките

Фото: Општина аеродром

Во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци за родителите чии деца престојуваат во градинките во Општина Аеродром

Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките во Општина Аеродром, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци, ветуваат од оваа скопска општина.

По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот на општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства. Општината постојано презема политики насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци што претставуваат товар за секое семејство. Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките – информираат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот