Адвокатот тврди дека ја знае вистинската причина за смртта на Марадона

Адвокатот тврди дека Марадона не можел да ја преболи разделбата со Росио Олива/Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Матијас Морла, адвокат и пријател на Диего Марадона, тврди дека ќерките на легендарниот фудбалер Далма и Џанина го „предадоа“ нивниот татко во последните години од неговиот живот.

Легендарниот Ел  Пибе почина на 25. ноември минатата година, а шпекулациите за причините за смртта на Марадона се актуелни и до денешен ден. Морла на медиумите им откри дека бил многу разочаран од однесувањето на своите ќерки.
– Марадона ја сакаше поранешната партнерка Росио Олива, а јас се борев до крај против неговите ќерки Далма и Џанина за кои чувствуваше дека со предадоа и го крадеа. Со Диего бев последните седум години и постојано гледаше во својот телефон на празниците. Но ниту на Божик не доби телефонски повик од нив – откри Морла во интервју за канал „Америка“.

Но, адвокатот не запре тука со обвинувањата за ќерките на Диего Марадона.
– Зарем сите не приметија колку Диего беше разочаран кога Далма на својат ќерка и го даде името Рома. Го прашав: „Диего што е тоа, Рома и ривал на Наполи“. Освен сестрите, сите други го напуштија, Марадона почина во самотија – додава Морла.

Тој додава дека Диего одлично ја забележувал ситуацијата околу него, односно тоа дека најблиските се откажуваа од него иако често имаше проблеми со зависноста од наркотици.

Морла одговори и на обвинувањата на ќерките на Марадона дека тој е виновен за изборот на медицинскиот персонал кој сега се наоѓа под истрага за смртта на легендарниот фудбалер.
-Да успеаја да го реанимираат, Диего немаше да им дозволи да ме нападнат. Сестрите на Диего ми зборуваа дека сум нивното сонце, а неговите ќерки ме нарекоа крадец. Девојките не ме сакаат уште од 2014 година кога Марадона и јас во јуни таа година им ги откажавме кредитните картички. Се бореа против мене бидејќи го крадеа сопствениот татко. Поради тоа алкохолот му претставуваше бегство од реалноста  – додава Матијас Морла.

Адвокатот тврди дека Марадона не можел да ја преболи разделбата со Росио Олива.
Кога Росио го остави, Диего тоа не можеше да го преболи. Беше опседнат со неа и тоа го уби. Ме прашувате што го уби, јас ви го давам одговорот, Росио Олива, карантинот и медицинскиот персонал кој е под истрага. Ситуацијата дека е заљубен во жена која повеќе не го сакаше, многу го погоди – заврши Морла.

Нови контроверзи по смртта на Марадона, уште еден сведок фатен во лага

Пет лица под истрага поради смртта на Марадона

Ќерките на Марадона сведочеа во обвинителството: Го видовме дека пуши марихуана и пие, а му дадоа и мистериозни таблети

Марадона ги исфрлил двете ќерки и поранешната сопруга од тестаментот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот