Адвокат Николовска: Боки не би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница

Адвокатката Ружица Николовска го даде своето стручно мислење за денешната пресуда за случајот „Рекет“ во гостувањето во телевизија Телма, таа вели дека зад случајот се кријат високи структури во власта.

Николовска смета дека ниту Катица Јанева, ниту Бојан Јовановски го имаат капацитетот за сами да ја спроведат операцијата „Рекет“.

-Имајќи го во предвид целото постапување на Јанева уште од моментот на нејзино поставување како Специјален јавен обвинител начинот на давање на изјавите, постапувањето, сметам дека таа самата лично не поседува капацитет за да може ваков тип на активности да спроведува самостојно. Зборуваме за милионски суми јас не верувам дека Боки 13 би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница, а камо ли да рекетира бизнисмени за милиони без да има поддршка за сето тоа, посочи Николовска.

Според Николовска сомнеж во епилогот на судењето дава и тоа што на одбраната, односно на Бојан Јовановски не му беше дозволено да ги изведе сите докази кои ги поседува пред судот.

Николовска истакна дека не беа слушнати забелешките на експертите кога се носеше Законот за јавно обвинителство. Таа посочи дека во законот има катастрофални решнија и небулози.

-Јaс морам да ви споменам кога се дискутираше предложениот нов закон за обвинитество, со решенијата  што беа предложени како што беа предложени на која присуствував како експерт. Лично сметам дека во новиот закон има многу решенија кои што се катастрофални кои што не соодстветствуваат со нашата состојба. Што е најжално што реагираат и самите обвините. Во законот има многу небулози од начинот на избор на Јавен обвинител до дисциплинските постапки“, појасни Николовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот