Адриана Лима, Џесика Симпсон… Овие познати лица ја „чувале“ невиноста до бракот

Foto:EPA/NINA PROMMER/EPA-EFE/RINGO CHIU/EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако за добар дел од нивната популарност е одговорен сексапилот, овие славни ѕвезди се воделе според традиционалните начела, па денес се гордеат со објавите дека невиноста ја изгубиле дури во брак.

Сексуалната невиност во бројни религии дури и денес се смета за темел на моралната чистота, па се препорачува како совет да останете невини се до бракот, а сексот како таков треба да се „консумира“ дури на првата брачна ноќ.

Во модерното време тоа е се поретка појава, а според студиите помалку од седум проценти од луѓето го практикуваат тоа денес. Кога станува збор за славните личности, тоа е речиси ендемична појава, бидејќи пороците, вклучувајќи го и хедонистичкото уживање во сексот, се нагласуваат како еден од важните состојки во селебрити животот.

Сепак, се чини дека некои се откажале од сексуалните уживања, и со својот статус девица дополнително го изградиле својот статус ѕвезда.

Фото: Инстаграм

Меѓу ѕвездите кои ја чувале невиноста до бракот се најдоа: водителката Кети Ли Гифорд (67), која во 1992 година призна дека таа е последната холивудска девица, музичарот Кевин Џонас (32), пејачката Џесика Симпсон (40), манекенката Адриана Лима (39) која исто така го шокираше светот со признанието дека била девица се до бракот.

Фото: Инстаграм

Освен нив, тука се најдоа и Лоло Џејмс (37), пејачката Кери Андервуд (37), актерката Сара Дро (39), моделот Каунтри Стоден (26) и бејзбол играчот Тим Тебу (33).

Фото: Инстаграм

Меѓу ѕвездите сигурно постои уште некој кој несакал да го сподели ова со јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот