Адеми е најдобар играч на Динамо Загреб во пролетниот дел од сезоната

аријан адеми
Аријан Адеми („Динамо Загреб“)/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб во чии редови настапува македонскиот репрезентативец, објави дека капитенот на клубот Аријан Адеми е прогласен за најдобар во вториот дел од сезоната во Хрватска.

Во анкетата учествуваа повеќе од 2.300 навивачи, нашиот играч на крајот дојде до признанието, освојувајќи 32% од гласовите.

На второто место се најде Мислав Оршиќ (31,5% гласови), а на третата позиција е Јосип Шутало (7,1% гласови).

Потсетување дека Адеми сезонава ја освои 20 титула во дресот на „модрите“, најтрофеен во историјата на клубот.

– Секако дека е голема чест да се добие ваква награда. Во вториот дел од сезоната почнавме одлично и бевме во мала криза, но на крајот по којзнае кој пат покажавме карактер и заслужено ја обезбедивме титулата шампион. Исто така, оставивме добар белег во Лига Европа, и иако испаднавме од силната Севиља, мислам дека можеме да бидеме среќни и горди на себе.

Тешко ми е да го издвојам најдобриот натпревар во овој дел од сезоната, но ако навистина треба да изберам, тогаш тоа нека биде Риека и нашиот голем пресврт што го направивме. Голема благодарност до сите фанови кои гласаа за мене, како и до сите кои нè следат во текот на целата сезона. Вие сте голем ветер зад нас и се надевам дека ве израдувавме со титулата шампион и дека така ќе продолжиме – вели Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот