Абрахам е новиот „Дрогба“, испишана историја во Премиер лигата! (ВИДЕО)

twitter.com/goal

Уште во првото полувреме видовме голеада на „Кероу роуд“, Абрахам уште во третата минута стрелаше за водство на Челзи, на најдобар начин ја искористи асистенцијата на Азпиликуета.

Но, радоста траеше кратко, бидејќи 180 секунди подоцна израмнија домаќините преку Кентвел. Во 17 минута се вратија во позитива гостите благодарение на Маунт.

Расположениот Пуки се погрижи за нова радост кај неговите навивачи, а во 68 минута беше поставен конечниот епилог кога Абрахам кој веќе го дефинираат како „новиот Дидие Дрогба“ кој исто така своевремено со невидена леснотија ги тресеше противничките мрежи за клубот, во 68 минута на еден прекрасен начин ги донесе трите бода.

Абрахам (21 година, 326 дена) е третиот најмлад играч кој постигнал два гола во еден премиерлигашки меч, после Марк Николс против Ковентри во јануари 1998 (20 години, 225 дена) и Еди Њутон против Тотенхем во декември 1992 (20 години, 358 дена).

Воедно  Челзи попладево истрча со најмладата почетен состав во 21 век во Англија, просечната возраст на лондонскиот клуб е 24 години и 208 дена.

Премиер лига, 3. коло

Сабота –

Норич-Челзи 2:3

16.00 часот
Брајтон-Саутемптон
Манчестер јунајтед-Кристал Палас
Шефинд јунајтед-Лестер
Ватфорд-Вест Хем

18.30 часот
Ливерпул-Арсенал

Недела –

15.00 часот
Борнмут-Манчестер сити

17.30 часот
Тотенхем-Њукасл
Вулверхемптон-Барнли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот