Абдула Мане е третиот Французин во редовите на Металург

Фото: LBP/Eric Bontemps/rkmetalurg.mk

Три дена по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, Металург се засили и на позицијата лев бек. Нов ракометар на Металург е Французинот Абдула Мане, кој потпиша двегодишен договор.

Мане (190 см, 85 кг) е млад 25-годишен ракометар кој доаѓа од Дижон, а претходно настапувал и во Безансон, Белфорт и Мулхаус и беше најдобар стрелец на Про лигата, односно втората француска лига.

Мане игра на позиција лев бек, но е исклучително корисен и како дефанзивен играч. По браќата Њокас, Мане е третиот француски ракометар во клубот од Автокоманда и е седмото засилување на Металург за претстојната сезона.

Покрај Мане, браќата Њокас и Рибеиро, Металург го засилија и пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Според најавите, играчкиот ростер на Металург не е затворен, па се можни и други засилувања со кои раководството на клубот планира да создаде конкурентност и подолга клупа во Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот