Махмуд Абас фото EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Абас го повикува Хамас да ги ослободи заложниците и да го предаде оружјето

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска го повика Хамас да ги ослободи заложниците што се уште ги држи во Појасот Газа и да го предаде оружјето, со цел да се стави крај на војната.

Во телевизискиот говор, палестинскиот лидер рече: „Хамас ѝ даде изговор на криминалната окупаторска сила да ги изврши своите злосторства во Појасот Газа, од кои најочигледно е приведувањето заложници“.

„Јас сум тој што ја плаќа цената, нашиот народ ја плаќа цената, а не Израел (…) Ослободете ги заложниците“, нагласи тој.

Абас, исто така, го повика Хамас да ја отстапи одговорноста за Појасот Газа, да го предаде оружјето на палестинските власти и да се трансформира во политичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот