АБА2: Широки го декласира Работнички

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на Работнички доживеаја убедлив пораз од 106:77 од Широки со што ги намалија шансите за за пласман во плејофот во АБА2-лигата.

Одлучувачки момент на натпреварот беше третата четвртина која кошаркарите на Работнички ја одиграа катастрофално, дадоа само 18 поени, а примија дури 41 поен по што играчите на Широки во последниот период од играта влегоа со 19 поени предност (76:55) за на крајот да слават со 29 поени разлика.

Стефан Балмазовиќ и Демиер Питс со по 22 поени беа најпрецизни кај Работнички кој настапот на турнирот во Сараево го заврши со два порази и една победа и сега има скор од три победи и дури седум порази со што се наоѓа на две победи од осмото место на табелата кое носи во плејофот. Наредниот турнир во АБА2 лигата ќе се игра на Златибор од 22 до 27 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот