Фото: Sutjeska Elektroprivreda/Slobodan Milic

АБА призна: МЗТ драстично оштетен од судиите во Никшиќ

Судиската комисија при АБА лигата излезе со официјално соопштение во кое ги појасни спорните ситуации од последните две минути на натпреварот меѓу кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Сутјеска (77-83), одигран синоќа во Никшиќ.

Во него се наведува дека судиите направиле две грешки со кои директно влијаеле на резултатот во финишот на мечот, со што македонскиот шампион бил драстично оштетен:

– Првата ситуација се случила на 1:22 минута до крајот на последната четвртина, кога по второто слободно фрлање на играчот на Сутјеска, Милјаниќ, топката отскокнала од обрачот и сè уште имала шанса да влезе во кошот, во моментот кога играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Гил, го допрел обрачот со рака. Судиите тогаш досудија два поени за Сутјеска, но тоа било погрешна одлука, бидејќи при ваков прекршок за време на слободно фрлање треба да се додели само еден поен – се вели во објаснувањето на судиската комисија.

Втората спорна ситуација се случила една минута пред крајот, кога играчот на Сутјеска, Тадиќ, по преземањето на топката во предниот напад, зачекорил во задниот дел на теренот додека сè уште ја држел топката. Судиите не ја санкционирале оваа очигледна повреда на правилата, што претставува уште една потврдена грешка според официјалниот извештај на Комисијата.

Сето ова е попусто бидејќи нема да ја врати победата на МЗТ, а може да значи само казна за судиската тројка што ниту од далеку нема да ја намали разочараноста во редовите на „металците“ од третманот што го добија од официјалните лица во Никшиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот