MЗТ направи од „готово-вересија“ и загуби во Никшиќ од Сутјетска
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да го одбранат водството на тешкото гостување кај Сутјеска, претрпувајќи пораз од 83-77 во второто коло од АБА2-лигата, одиграно во Спортскиот центар во Никшиќ.
Препорачано
„Металците“ добро го отворија натпреварот, диктирајќи го ритамот во првата четвртина која ја добија со 21-18. Во вториот период, Сутјеска влезе во резултатска криза, а МЗТ знаеше како да го искористи тоа и со добра одбрана и контрола на играта, скопскиот тим замина на полувреме со двоцифрена предност (37-27).
Македонскиот шампион продолжи со сигурна игра и во третата четвртина, стигна и до највисоки +13 (44-31), но токму кога изгледаше дека ги контролираат работите, домаќините се разбудија. Сутјеска го фати ритамот и со серија поени ја стопи предноста на само два поени до крајот на третиот период (58-56).
Во последната четвртина, МЗТ влезе во резултатска нестабилност, а Сутјеска го презеде водството и со повеќе енергија и концентрација успеа да го заврши натпреварот во своја корист.
Најефикасен во редовите на домаќините беше Кристофер Мартин со 19 поени, додека кај МЗТ се истакна Мек Смит со 20 поени и шест скокови, но тоа не беше доволно за избегнување на вториот пораз во регионалното натпреварување.
Преземено од: Спорт.ком.мк


