Бајден: Наредив балонот да биде соборен најбрзо можно

По соборувањето на балонот за кој САД се сомневаа дека е шпионски кинески балон се јави со коментар и американскиот претседател Џо Бајден, кој изјави дека акцијата била успешна и дека тој лично му наредил на Пентагон да го соборат штом ќе биде безбедно.
– Во средата сум информиран за балонот. Наредив на Пентагон да биде соборен најбро можно – рече Бајден.
Тој додава дека одлучиле леталото да биде соборено на начин да не нанесе штета никому на земјата.
– Решија дека најдобро време за тоа е кога ќе лета над океанот на граница на 12 милји. Успешно го елиминираа. Сакам да го пофалам пилотот што ја изведе акцијата – рече американскиот претседател.
Кинескиот балон кој првично беше забележан во средата во Монтана, над воена база каде што според извештаите се чуваат 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави. Пентагон го опиша како сомнителен објект за набљудување од висина.
Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за метеоролошки цепелин кој што го изгубил курсот.
NOW – Biden: "I ordered the Pentagon to shoot it down on Wednesday as soon as possible."pic.twitter.com/Gj3h38CILd
— Disclose.tv (@disclosetv) February 4, 2023