Жестока казна: Фудбалерот кој играше допингуван против Македонија Ѓ.П доби суспензија од четири години

Фото: CSKA Sofia FC

Европската куќа на фудбалот УЕФА го казнила фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов со суспензија од четири години, ваквите информации ги пренесуваат медиумите кои се блиски до клубот.

Крилниот фудбалер заработи суспензија на 25. август кога УЕФА објави дека во неговото тело биле пронајдени недозволени супстанци после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров кој се одигра на 28. јули. На оваа средба Јомов беше и стрелец за бугарскиот клуб.

Примероците на тестовите покажале дека Јомов бил позитивен на супстанцата дехидрохлометилтестостерон која е стопирана во продажаба уште во 90-тите години и може да се купи само на црниот пазар.

Од тука „паѓаат вода“ тврдењата на Јомов кој се правдаше дека ваквата супстанца случајно била внесена во неговото тело. Фудбалерот има право на жалба на оваа одлука, меѓутоа како што стојат работите 25-годишниот Јомов го чека долга пауза и голем чекор назад во неговата кариера.

Во минатото тој беше дел и од Славија Софија, забележа и десет настапи за бугарската репрезентација за која постигна и два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот