Фото: Слободен печат

81-годишен возач фатил погрешна насока на автопатот Скопје-Велес

81-годишен возач вчера попладнето се вклучил и возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР.

Околу 17:30 часот, полицајци од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата успеале да го сопрат возачот на „Хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки кај наплатната станица „Сопот“. Зад воланот бил М.А. (81) од Крива Паланка, за кога било констатирано дека подолго време возел во спротивната лента на автопатот.

„При сообраќајна контрола кај наплатната станица ‘Сопот’, сопрено е возило кое се движело во спротивен правец. По насоки од јавен обвинител, лицето е приведено во полициска станица“, информираат од полицијата најавувајќи соодветна пријава против возачот.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот