Вардар победнички ја почна одбраната на титулата во СЕХА

Вардарци со победа ја стартуваа одбраната на титулата во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ пред своите навивачи со убедливи 37:23 (19:12) го совладаа Пекинг спорт универзитет.

Победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент, разликата во квалитет беше и повеќе од очигледна и по само 10 минути остварија предност од 8:4. Како одминуваше времето, разликата се зголемуваше што му овозможи на наследникот на Роберто Гарсија Парондо на клупата, Давид Писонеро, да им даде шанса на сите ракометари.

Димитриоски и Шишкарев беа најпрецизни со по шест голови, додека Дисингер и Чупиќ дадоа еден помалку.

Следниот предизвик за Вардар во второто коло е гостувањето кај Мотор Запорожје и тоа ќе претставува првиот вистински тест за силата на европскиот шампион во оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот