6 митови и вистини за целулитот и како конечно да го „стопиме“

profimedia

Стигна крема која го топи целулитот со неколку третмани! Пристигнаа гаќички кои го топат целулитот! Вакви или слични реченици слушаме многу често и би било супер ако делуваа. 

Целулитот не одбира ниту возраст ниту телесна тежина. Често гледаме слаби девојки кои имаат целулит, некои и повеќе од што имаат други полнички жени.

Еве ги најчестите 6 заблуди за целулитот:

Целулитот се наоѓа само на колковите, задникот и стомакот. Заблуда. Целулитот може да се појави и на колениците, на рацете и на грбот.

Целулитот е само маст. Не е баш. Освен масни наслаги целулитот содржи вода, дегенерирано сврзно ткиво и наталожени штетни материи.

Диетите можат да го решат целулитот. Заблуда. Не постои таква диета која ќе го отстрани целулитот зашто со гладување се постигнува спротивниот ефект. Се лачи хормон кој го блокира разградувањето на мастите на проблематичните места. Како одговор на организмот на гладувањето уште повеќе се впиваат мастите на проблематичните места.

Здравата исхрана спречува појава на целулит. Дури ни ова не е вистина. Здравата храна никогаш не може да биде погрешна идеја, но одредени намирници нема да бидат доволни во спречување на појава на целулитот.

За сè се криви гените. Дека гените се едни од причините за целулит, вистина е, но ако не се движите а потоа за тоа ги обвинувате гените, ова е малку смешно. Тоа е исто како да ги обвинувате тешките коски поради тоа што не можете да ги закопчате фармерките.

Липосукцијата е трајно решение против целулитот. Решение е, точно, ама не трајно. Целулитот повторно се враќа ако се вратите на старите навики.

Како навистина да се „стопи“ целулитот?

Еве 6 точни одговори:

Многу одење, движење, аеробни активности или совршено би било пливање и што повеќе да се избегнува седењето.

Да се исфрли алкохолот и кафето кои ја врзуваат водата во целулитното ткиво.

Да се намали внесот на храна богата со заситени масти и протеини од животинско потекло. Подобро одберете риба отколку месо. Да се зголеми пак, дневниот внес на овошје и зеленчук, а едноставните јагленохидрати да се заменат со сложени.

Да се избегнува пресолена и зачинета храна. Солта е една од причините за настанување на целулитот.

Дневно да се издвои најмалку 30 минути за вежбање.

Да му се обезбеди на огранизмот доволно кислород. За тоа е најдобро да се поминува одредено време во природа и секако да се избегнува пушењето цигари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот