5Г ТЕХНОЛОГИЈА: Штетна по здравјето на луѓето или нуди подобри услови за живот?

Еден пациент може да биде во операциска сала во Скопје, а хирургот операцијата да ја врши од друга држава.

5Г технологија, штети на здравјето на луѓето или ќе го подобри животот на луѓето? Додека Македонија се уште нема одлучено кој ќе биде првиот град во кој ќе биде инсталирана оваа технологија, Хрватска веќе одлучи дека првиот град со 5Г технологија ќе биде Осијек.

Меѓутоа, токму 5Г технологијата ги извади Хрватите во саботата на улица. На протестите во повеќе градови беа забележани пароли како „Не сакаме да бидеме експериментални глувци“ и „Не го даваме здравјето на концесија“.

Што се може да овозможи контроверзната 5Г технологија?

Новата генерација на мрежа не значи само побрз интернет за обичните корисници, туку ќе овозможи и работи кои денес изгледаат потполно незамисливо, а ќе значително ќе го унапреди човековиот живот.

Иако противниците на оваа мрежа тврдат дека е штетна за човечкото здравје, всушност медицината би можела значајно да унапреди со помош на оваа технологија.

Во телемедицината ќе се отворат многу нови можности бидејќи со 5Г мрежата речиси и да нема доцнење во комуникацијата на уредите. Тоа би можело да помогне операции да се вршат од далечина. На пример, еден пациент може да биде во операциска сала во Скопје, а хирургот операцијата да ја врши од друга држава.

Возилата без возачи зависат од 5Г. Зошто? Голем дел од експертите велат дека иако познати компании вложуваат во ваквите возила, транспортот без возачи би бил невозможен без 5Г. Поради брзината на мрежата, возилата ќе можат подобро да комуницираат.

Но, оваа технологија ќе помогне и во развојот на нови дронови, бидејќи и контролирањето и управувањето ќе биде многу попрецизно и побрзо.

„Паметните“ градови нема да бидат паметни без 5Г мрежата. На пример, комуналните претпријатија во иднина ќе можат поедноставно да ја следат потрошувачката на комунални услуги.

Од друга страна, потребно е да се утврдат и ризиците поради кои голем дел луѓе имаат отпор кон 5Г технологијата, а веројатно секојдневно користат смартфони.

Светската здравствена организација вели дека радијацијата која што ја користат мобилните телефони можеби е канцерогена.

Во Македонија се прават истражувања на 5Г мрежата. Експертите тврдат дека воведувањето на оваа технологија ќе создаде автопат низ кој информациите ќе се движат многу побрзо отсега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот