ФОТО | Вака демантираат тие: Џеј Ло и Алекс се сè уште среќно заљубени, не се одделуваат еден од друг!

Фото: Профимедиа

Со денови светските медиуми пишуваат дека музичката и филмска ѕвезда ја раскинала веридбата со поранешниот спортист, но нивните најнови фотографии го покажуваат спротивното…

Изминатата недела американските медиуми јавија дека дошол крајот на четиригодишната врска и двегодишната веридба на пејачката и актерка Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Наводно за се е виновен поранешниот спортист, кој ја изневерил Џеј Ло со ријалити ѕвездата Медисон Лекрој. Но…

Парот, кој не се огласи по повод скандалозните пишувања во медиумите, вчера беше сликан заедно.

Папараците ги уловиле Џенифер и Алекс во Доминиканската Република и тоа во мометот кога тие заедно уживале во дворот од куќата во која се сместени додека латино дивата ја снима романтичната комедија „Shotgun Wedding“ во која игра со Џош Дамел. Познатиот пар се бакнувал, се смеел, се забавувал…


Се уште не е познато дали тие двајца навистина раскинале и се смириле или пак воопшто не дошло до тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Rodríguez (@libellerevista)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот