Фото: syri.net

41-годишен човек од Македонија ненадејно починал на плажа кај Драч, брзата помош доцнела цел час

41-годишен македонски државјанин од Тетово со иницијали А.С. вчера ненадејно починал на плажа во Каваја кај Драч, објавија медиумите на албански јазик. Починатиот човек бил на одмор со семејството.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и колегите, бидејќи починатиот не боледувал од никаква хронична болест. Медиумите пишуваат дека тој зад себе оставил сопруга и две ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот