„360 Степени“: Нов скандал со Рашковски, за 150.000 евра купил кабини за гласање

Порталот „360 Степени“ објавува уште еден скандал поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Овојпат тој е поврзан со некакви кабини за гласање за избори за кои досега никој не слушнал ниту, пак, се користеле за гласање.

„Рашковски – владиниот генерален секретар купил уште патент од Рашковски-иноваторот што не го користи ниедна институција: Кабина за гласање за 105.000 евра народни пари“, објавува „360 степени“, најавувајќи ја својата емисија која ќе се емитува вечерва во 22 часот на Алсат-М.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот