2МФЛ Запад: Вардар освои само бод против Гостивар

Гостивар и Вардар ги поделија бодовите/Фото: facebook/KF Gostivari

Денеска во 18 коло од Втората македонска лига – Запад составот на Вардар ремизираше на гостувањето кај Гостивар со резултат 1:1.

Скопските „црвено-црни“ кои сезонава се борат за враќање во Првата лига уште во четвртата минута стрелаа за водство преку Мишковски.

Домаќините успеаја во првото полувреме да го избегнат поразот со погодокот на Велинов.

Во другите средби: Силекс – Кораб 3:0, Тетекс – Воска Спорт 1:1, Кадино Скопје – Беса 1976 0:5 и Охрид – Велешта 2:1.

Табела: Силекс 46 бодови, Воска Спорт 39, Вардар 34, Тетекс 25, Гостивар 22, Беса 1976 20, Кораб 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино Скопје 6.

Во Втората лига – Исток екипата на Слога Виница запиша нов триумф овојпат на домашен терен со 2:0 против Саса со головите на Иванов и Симевски.

Во другите средби: Братство 07 – Детонит Јуниор 1:0, Лок. Градско – Кит Го Пехчево 0:1, Осогово – Кожуф Гевгелија 1:1 и Победа – Беласица 0:0.

Табела: Слога Виница 39 бодови, Победа 37, Беласица 35, Саса 34, Осогово 23, Кит Го Пехчево 22, Кожуф Гевгелија 22, Детонит Јуниор 20, Братство 07 13, Лок. Градско 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот