Институт за белодборни заболувања кај децата – Козле
Институт за белодборни заболувања кај децата – Козле / Фото: МИА

25 деца се лекуваат од ковид-19 во Клиниката „Козле“, меѓу нив е и едномесечно бебе

25 деца на возраст од еден месец до 15 години се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“, а едно двегодишно дете е на кислородна поддршна, објави ТВ21.

Нивната здравствена состојба е добра, освен на едно двегодишно дете, кое е на кислородна поддршка, вели Бесник Зеќири, директор на болницата. Тој вели дека околу 80% од хоспитализираните деца се заразени со сојот омикрон.

Зеќири очекува од понеделник бројот на хоспитализирани да опаѓа, како и бројот на прегледи, доколку учениците се придржуваат до протоколите во училиштата.

„Од понеделник мислам дека бројот на хоспитализирани деца и во амбулантите да опаѓа, земајќи ја предвид и метеоролошката состојба со врнежи од снег, верувам дека ќе се н амалува бројот на деца во болниците и враќање на повисоки температури“, рече Зеќири.

Инаку, неделниот извештај за состојбата со ковид покажува дека најмал број заразени се на возраст од 0 до 9 години, додека кај возрасната група од 11 до 19 години има пад на инфекциите за 11 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот